Во Џакарта се запали и урна купола на џамија

Сподели со своите пријатели

Голема купола на џамијата Џами во главниот град на Индонезија, Џакарта, се запалила и се урнала околу 15 часот по локално време.

Loading...

Сè се случило за време на реновирањето, а поради пожарот низ воздухот се проширил густ црн чад, пишува Jakartaglobe.

Џамијата се наоѓа во комплекс згради во исламскиот центар Џакарта, место за студии и развој.

Од полицијата потврдија дека нема повредени. Истрагата е во тек, а надлежните пишуваат дека досега се сослушани четворица работници кои работеле на реновирање на џамијата.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија