Во Боливија запленети 9,2 тони листови кока

Сподели со своите пријатели

Боливиските власти заплениле 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти синоќа МВР.

Loading...

Полицијата пронашла 795 пакувања со листови кока при претрес на пат на Андите, изјави министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, додавајќи дека станува збор за една од најголемите заплени од ваков вид.

Дел Кастиљо рече дека документите биле наменети за трговија со дрога и нејзина нелегална продажба на територијата на Боливија.

Боливиските власти постојано предупредуваат дека земјата е транзитна зона на перуанскиот кокаин до Бразил и други земји, но толку големо количество листови кока од Перу е невообичаено.

Според податоците на ОН, Перу е еден од главните производители на кока и кокаин, заедно со Колумбија и Боливија.