Во автомобил му октриле две мртви тела со рани од оружје

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден околу 19,00 часот во Скопје на локалниот пат од с.Драчево кон с.Долно Количани на м.в. „Локва“ пронајдено е ПМВ„Ровер 75“ со охридски регистерски ознаки, а во истото имало две починати лица со прострелни рани од огнено оружје.

Loading...

Од страна на Јавното Обвинителство и увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и на местото на настанот при што бил пронајден пиштол и истиот е подигнат и предаден за вештачење.

На едното лице е утврден идентитетот и се работи за Светислав Р.(28) од Кичево каде истиот вчера бил пријавен за исчезнат. По наредба на Јавното Обвинителство телата на починатите предадени се за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.