Во Австрија веќе има 58.000 барања за азил

Сподели со своите пријатели

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер е загрижен поради значителното зголемување на барателите на азил, поради што е повторно активирано граничното управување во Спилберг.

Loading...

Од јануари до крајот на август во Австрија биле примени околу 58.000 барања за азил.

Во однос на минатата година ова е драматично зголемување, поради што на преминот Шпилберг кон Словенија повторно беа поставени контејнери и шатори.

Најпогодена од зголемувањето на бројот на баратели на азил била провинцијата Бургенланд, каде биле поднесени дури 40.000 барања за азил.

Бидејќи властите во Бургенланд не можат да се справат со големиот број баратели на азил на дневна основа, тие секојдневно се префрлаат во други провинции, каде што се врши регистрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск предупреди на ризикот од банкрот на САД

Имено, секој ден околу 40 лица во Бургенланд поднесуваат барање за азил, а тие сега ќе бидат префрлени во Штаерска, пренесува Танјуг.

„Мораме да направиме се за да спречиме повторување на 2015 година“, рече гувернерот на Штаерска, Кристофер Дрекслер.

Тој посочи дека е мошне забележлив бранот на индиски граѓани кои во Европа маскирани како работна сила преку Белград, од каде што ги префрлаат шверцери на луѓе, доаѓаат во Европа.

Loading...

„Бизнисот со шверцери цвета. Ја користат војната во Украина“, изјави Дрекслер.