Доколку се одлучите да патувате во Австралија нема да имате потреба да носите селфи стик со вас од едноставна причина што тие имаат проект за подршка на туризмот наречен „гига селфи“.
Станува збор за мрежно поврзување на вашиот мобилен уред и камери кои се псотавени на многу високи места, а имаат огромна способност за зумирање, се што треба е да се наместите, да го земете вашиот мобилен уред да го поврзете и преку гигантските камери да зумирате по потреба. Системот на компјутерите веднаш фотографијата ја испраќа на вашиот мобилен уред.
Оргинално и фасцинантно, но изгледа многу практично за туристите кои сакаат да направат селфи на најубавите локации во Австралија. Проследете го видеото и погледнете како тоа навистина фунцкионира.