ВМРО ДПМНЕ со дводневен конгрес во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 560 делегати ќе присуствуваат на петнаесетиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ закажан за 2 и 3 мај во Куманово. На конгресот, делегатите ќе го изберат новиот претседател на владеачката партија. Рок за поднесување кандидатури истекува во петок, кога до 15 часот, кандидатите ќе можат да приложат своја апликација.

Loading...

Според Илија Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, постапката за избор на претседател на партијата е позната на јавноста. Истата процедура е запазена неколкупати по ред. Најмалку 30 делегати на Конгресот, во согласност со деловникот, имаат право да предложат кандидат за претседател. Гласањето е тајно и гласаат сите присутни делегати, без исклучок. Тој што ќе добие најмногу гласови ќе биде претседател и ќе ја води партијата во следните четири години.

Петнаесетиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ ќе се одржи во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”.

Leave a Reply