Идентична брада, ист нос, исти уши и поглед. Шкотланѓанинот Неил Томас Даглас не можел да верува на своите очи кога, заземајќи го своето место во авионот, седнал покрај мажот кој бил ист како него.
Loading...
Колку се шансите во авионот да го сретнете вашиот двојник? – прашува Даглас. Би кажале многу мали, но баш тоа му се случило на летот за Ирска.
Се на двајцата мажи делувало слично, за што сведочи и фотографијата која ја направил, а потоа и поставил на интернет пријателот на Даглас.
Фотографијата набргу ја размениле илјадници корисници на социјалните мрежи, а своја фотографија поставиле уште неколку двојници на Даглас.