Владата обезбеди пари за кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Сподели со своите пријатели

Владата вчера на седница донесе одлука да обезбеди околу 243.000 евра за реконструкција на кровот на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово.

Loading...

– Со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава се обезбедуваат и околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира кровот на објектот во кој се лоцирани основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата, стои во соопштението на Владата на РСМ.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски очекува итна реализација на средствата за да може во училиштата да се одвива настава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?

– Воедно очекувам и итна реализација на средствата за реконструкција на кровниот покривач на ООУ “Браќа Миладиновци” Куманово за да може да се овозможат елементарни услови за одвивање на физичка настава на вториот кат од оваа училиште кое е едно од ретките во државата во кое во иста училишна зграда функционираат две основни училишта во различни смени, вели Димитриевски.

Инаку на денешната седница на Советот на Општина Куманово на дневен ред ќе се најде предлог одлука, дел од учениците од овие две училишта од утре настава да посетуваат во просториите на Гимназијата „Гоце Делчев“.

Кровот инаку е во многу лоша состојба, постојано протекува и на помал дожд и не е безбедно учениците да посетуваат настава на целиот втор кат од објектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Општината претходно не предвидела средства, бидејќи како што појасни градоначалникот на една од седниците, тоа го сторило МОН, но подоцна ги повлекло парите.

Сега се очекува да се доделат средствата, по што ќе треба да се распише тендеска постапка која трае најмалку два до три месеци и неизвесно е дали воопшто до крајот на годината ќе се отпочне со градежни активности со оглед дека се влегува во зимскиот период.

Loading...

Никола Ивановски