Владата донела одлука за реконструкција на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Владата на денешната седница донела одлука за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Општина Куманово.

Loading...

Оваа информација на Фејсбук ја објави премиерот Димитар Ковачевски, без да наведе повеќе детали.

– Вложуваме во училишните објекти низ целата држава, затоа што сите ученици имаат неприкосновено право да следат настава во современи училишта. Продолжуваме да градиме подобро и поквалитетно образование инвестирајќи во подобри наставни програми и услови за сите ученици, напиша Ковачевски.

Инаку на споменатите училишта повеќе од година дена им протекува кровот и настава оваа учебна година се изведува во различни објекти низ градот, меѓу кои и во просториите на кумановската гимназија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Повеќе детали се очекува од владиното соопштение од завршената седница кое до медумите сѐ уште не е испратено.

Никола Ивановски