Вкусно а не дебелее – намирници кои може да ги јадете без страв

Сподели со своите пријатели

Живееме во време кога нашите животи станаа брзи, па таква е и храната. Ниту е здрав таквиот начин на живот, ниту мрснотиите во храната кои се повеќе ја зголемуваат бројката на луѓе кои имаат проблеми со вишокот килограми. Но, не треба да гладувате за да живеете здраво.

Loading...

Во продолжение прочитајте кои намирници се навистина здрави за јадење, а пред се кога ќе ги јадете нема да мора да се плашите дека ќе ги покачите килограмите.

Јаболко

Јаболката се преполни со влакна, па е препорачливо секој ден да јадете по едно јаболко, затоа што на тој начин ќе внесете една од препорачаните дневни порции на овошје или зеленчук. Влакната од јаболкото ќе ве заситат, па нема да имате потреба од благо или било што за грицкање.

Млечни производи

Било да пиете млеко или јогурт, да јадете сирење или павлака, во својот организам ќе внесете калциум и протеини. Млечните производи се идеална ужина, но бирајте ги оние кои имаат мал процент на маснотии. Моежете да јадете и пиете и во додаток со некое друго јадење.

Компир

Компирот е одличен извор на јаглехидрати, витамини Б и Ц и железо, поради што многу брзо ќе ви го убие гладот и ќе обезбедите неопхоодни витамини и минерали. Сам по себе не претставува висококалорична намирница, но важно е на кој начин ќе го спремите. Избегнуавјте пржени и печени компири, јадете го варен и тоа без калорични сосови и преливи.

Loading...

Риба

Туната и скушите ќе ви ја намалат потребата за храна. Богати се со здрави масти, кои ќе ве заситат, обезбедат некои од најважните хранливи состојки, вклучувајќи ги витамините и омега-3 масните киселини. Овие риби го намалуваа холестеролот и го зголемуваат добриот холестерол, што го анмалува ризикот од срцеви заболувања. Протеините кои се наоѓаат во оваа риба потребно е доста време да се сварат, па така долго време ќе бидете сити.

Варени јајца

Вареното јајце е идеалната ужина, затоа што има 75 калории и 6 грама протеини. Неодамнешно истражување покажало дека жените кои јаделе две јајца за појадок намалиле 65% повеќе килограми и го намалиле обимот на половината за 83% повеќе од оние кои не јаделе јајца. Доколку имате зголеме холестерот јадете белка, затоа што содржи различни протеини, минерали и витамини неопходни за вашиот организам.

Соја

Сојата е доста хранлива затоа што е богата со протеини, па ќе ве засити побрзо и тоа на подолго време. Го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот. Покрај тога ги ублажува и штетните последици од нездравата изхрана.