Виткоф наскоро доаѓа во Русија

Сподели со своите пријатели

Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, денес објави дека претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, наскоро ќе ја посети Русија.

„Во блиска иднина“, изјави Дмитриев пред новинарите кога беше прашан за можната посета на Виткоф на Русија.

Минатата недела, рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Панкин изјави дека посетите на специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер на Москва придонесуваат за решение во Украина и дека се искрени и корисни, пренесува Танјуг.

„Нивните посети секако помагаат, бидејќи се многу долги разговори и, очигледно, искрени. Тие ни овозможуваат да ја разложиме ситуацијата на нејзините составни делови, да разбереме каде, што и како може да се постигне напредок“, рече Панкин, пренесе РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовни нуклеарни вежби на Русија и Белорусија, мобилизирани 65.000 војници