Викенд прогноза за Куманово: Ќе паднат ли температурите?

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме со силен ветер и град.

Исто ќе биде и во текот на утрешниот ден.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи на 38 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока

За денеска на подрачјето на Куманово е активно жолто метео предупредување за опасност од високи температури.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме благ пад на температурите. Времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 18, до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку дена ќе биде пуштена пругата од Куманово за Бељаковце

 

 

Од наредната работна недела се очекуваат услови за нестабилност и благ пад на температурите.

Loading...

Никола Ивановски