Виетнам и САД предупредија на заканата од употреба на сила во Јужното Кинеско Море

Сподели со своите пријатели

Виетнам и САД денеска предупредија во заедничка изјава против заканата со сила или употреба на сила во Јужното Кинеско Море, во пораката јасно упатена до Пекинг и усвоена за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Ханој.

Loading...

САД, исто така, ветија дека ќе го поддржат Виетнам во неговиот развој на автономна одбрана, според текстот потпишан од американскиот претседател и шеф на виетнамската комунистичка партија Нгујен Фу Тронг.

Текстот не ја споменува експлицитно Кина.

Пекинг има право на речиси целото Јужно Кинеско Море, кое е важен воден пат за светската трговија, и покрај конкурентските претензии на Филипините, Виетнам, Малезија и Бурунди.

Таквиот став предизвикува постојани тензии и многу чести инциденти, пренесува агенцијата Франс прес.

Заедничката изјава беше објавена на вториот ден од посетата на американскиот претседател на Виетнам.

Исто така, се наведува слободата на навигација и прелетување, како и неопходноста да се гарантира трговска размена „без ограничувања“ и „почитување на суверенитетот“ во зоната која стана една од најнапнатите на планетата.

Во петокот Филипините ги осудија „незаконските“ акции на кинеските бродови во Јужното Кинеско Море.

Loading...

Вчера Бајден отфрли дека сака да го „задржи“ или „изолира“ Пекинг, но неговото учество викендов на самитот на Г-20 во Индија, како и неговата посета на Виетнам, е, како што оценува Франс прес, обид да покаже сила на вратата на Кина.

Бајден, исто така, сака да ги промовира американските индустриски можности во Виетнам и на други места во регионот во време кога Пекинг се соочува со економски тешкотии.