Виена сака целиот град да биде покриен со 5G мрежа

Сподели со своите пријатели

Моменталната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот, покажа колку е важна дигиталната комуникација за сите области од животот.

Loading...

Членот на виенската влада задолжен за дигитализација, Питер Ханке, ја постави целта: „Виена треба да стане првиот град во Европа што ќе биде целосно опфатен од 5G мрежата “.

Процут на 5G уредите: Во оваа држава се очекува продажба на 8,4 милиони уреди

Со програма за финансирање од 20 милиони евра, Градот Виена сега обезбедува брзо да се направат потребните инвестиции за мрежно проширување.

„Виена, како најдобар град за живеење, има потреба од добар опсег на комуникациска технологија. Со проширувањето на широкопојасен интернет со употреба на оптичка технологија, мобилната комуникација е една од клучните карактеристики што го прави одлично место за живеење и модерна локација за деловно работење со најнова технологија. 5G е најновата генерација на мобилна мрежа и мобилниот интернет станува сè поважен. Ова го забележуваме дури и сега во кризата. Затоа го  поддржуваме брзото проширување на 5G мрежата во Виена со 20 милиони евра“, рече Питер Ханке, член на владата на градот за финансии и дигитализација.

Збогум на СМС, добредојде на 5G пораките

„Дигитализацијата е денес поважна од кога било и може да ни помогне подобро да ја надминеме оваа криза“, потенцира Маркус Граусам, извршен директор на А1 (Телеком Австрија Групација).

Граушам рече дека добро развиените, стабилни широкопојасни мрежи се основа за искористување на дигиталниот потенцијал и 5G е клучна технологија за дигитализација на деловната локација.

Loading...

Удар за теориите на заговор: Јутуб ги укинува видеата занаводната врска на 5G и коронавиросут

„На почетокот на годината започнавме со најголемата5G мрежа, веќе ја има на 60 локации во Виена. За понатамошно проширување, новата програма за финансирање на Градот Виена за употреба на сопствените градски базни станици е важен придонес за 5G стратегијата и дигиталната иднина“, рече Граусам.

Програмата за финансирање вклучува јарболи на антени кои ќе започнат со работа од 1 јули 2020 година до 30 јуни 2022 година.

Овој временски ограничувач дава поттик за спроведување на инвестиции во 5G мрежата во Виена, особено брзо и со тоа да се преземе важен чекор кон целосна покриеност пред другите градови.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Leave a Reply