(ВИДЕО) Се обидел да украде хеликоптер, па предизвикал општ хаос

Сподели со своите пријатели

Крадец кој провалил на аеродромот во Сакраменто и се обидел да украде хеликоптер успеал само сериозно да оштети неколку летала пред да избега.

Loading...

Поради овој необичен случај се вклучи и ФБИ.

Како што јавија локалните медиуми, неидентификувано лице рано утринава во периодот од 4 до 6 часот по локално време се прикрало на аеродромот јужно од Сакраменто, Калифорнија и се обидело да стартува четири хеликоптери кои биле паркирани, соопшти полицијата.

Откако успеал да стартува еден хеликоптер, крадецот се обидел да полета, но наместо тоа се урнал.

Крадецот веднаш побегнал.

Хеликоптерот што се обидел да го украде завршил превртен на страна, а делови летале наоколу, дури и во радиус од стотина метри.

Полицијата соопшти дека е причинета тотална штета на леталото, но за среќа нема повредени.

Уништениот хеликоптер е на локална чартер компанија. Станува збор за мултифункционален Bell 407, а истрагата, со оглед на тоа дека уништувањето на авионот е федерален прекршок, покрај полицијата ги вклучува и ФБИ, како и Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Loading...

Пилотот кој тогаш бил на аеродромот изјавил дека проблемот е што оградата не е доволно висока и што објектот не е обезбеден со доволно камери.

Како што додаде, неговите колеги побарале од локалните власти да ја подобрат безбедноста на аеродромот.