ВИДЕО: „Христос воскресе, претседателе!“ – попот му се обрати на Груевски, наместо на сите верници

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се споделува видеото од велигденската литургија во Дојран каде присуствуваше премиерот Никола Груевски. Видеото е придружено со коментари на осуда и револт за свештеникот од МПЦ-ОА, кој наместо на верниците, му се обраќаше на Груевски, јавува Либертас.

Loading...

„Претседателе и премиере, голем благослов. Навистина ми е чест што дојдовте и не посетивте на овој ден, посветен на Христовото вознесение. Христос воскресе претседателе“, му се обрати на Груевски попот од црквата Свети великомаченик Ѓорги во Дојран.

https://www.youtube.com/watch?t=76&v=j-axIOV4EsQ

Коментарите на Фејсбук се дека сите верници се еднакви и свештениците не смеат да си дозволат вакво однесување.

Извор: Либертас


Leave a Reply