Кина одамна не е само асоцијација за евтина стока. Секој ден од земјата пристигнуваат вести за производи и услуги кои имаат предзнат „паметно“.
Како една од најнапредните земји во областа на техноловијата, Кина вложува во образованието на идните експерти за вештачка интелигенција.
Роботите откриваат тумор подобро од лекарите
Професиите на иднината стигнале и во кинеските училишта. Кина одобрила формирање катедри за изучување на вештачката интелигенција на 35 универзитети ширум земјата, а многумина планираат да започнат со упис на студенти веќе оваа година.
Индустријата за вештачка интелигенција до 2020 година ќе надмине 22 милијарди долари, а голем профит ќе остварат и поврзаните индустрии.
Дали роботите ќе ги заменат музичарите во иднина? (ВИДЕО)
Голема побарувачка во оваа област, значи и голема побарувачка за таленти кои би можеле да работат на развојот на технологијата.
Универзитетот Тсингхуа во Пекинг годинава ќе запише 30 студенти на новата катедра за вештачка интелигенција.
– Вештачката интелигенција е многу важна за Кина. Тоа е историска шанса за нас, затоа што Кина е на истата почетна позиција во оваа облст заедно со другите држави. Воспоставување на ктадрза вештачка интелигенција и образование на талентите ќе донесе прекрасни можности за Кина, ќе може да се преземе лидерската позиција во развојот на вештачката интелигенција, смета директоркта на Канцеларијата за упис на студенти на Тсингхуа универзитетот во Пекинг, ју Сијаосијао.
НАУЧНИЦИ: Мора што побрзо да се донесе закон за „смртна казна“ на роботите
Околу 200 студенти од цела Кина ќе добијат шанса вештачката интелигенција да ја изучуваат и на Институтот за технологија во градот Харбин.
– Постојат четири програми: вештачка интелигенција, паметно производство, паметна изградба и базични науки. Првите две години студентите е слушаат основни курсеви, а потоа ќе изберат различни курсеви во рамките на интересирањата, вели Синг Џаосија, директорка на Канцеларијата за упис на студенти на Институтот за технологија во Харбин.
Оваа фабрика произведува бизарни секс роботи, а имаат и со величина на деца (ФОТО)
Универзитетите исто така основа курсеви како работнички инжинеринг, паметни науки и технологии и инжинеринг за паметно производство.
Вештачката интелигенција има и доста практични примени во Кина, па така интернет судот во Пекинг минатата година покренал услужен центар за судски парници во кој покрај вистински, работат и судии направени со помош на вештачка интелигенција.
НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Роботите ја кројат судбината на светот
Првите судии со вештачка интелигенција на светот базирани на паметен спој на технологијата за говор и слика, ќе им помагаат на судиите во извршување на рутинските обврски, како прием на дуските постапки и на тој начин ќе овозможат на вистинските професионалци да се фокусираат на судските процеси.
Судијата со вештачка интелигенција има женски лик и глас, а фацијалната експресија и постапки се базирани на реална личност. Патем интернет платформите, на корисниците можат да им донесат судење во реално време.
Сепак, судијата со вештачка ителигенција повеќе ќе работи како помошник, со можност да одговара на прашњата на корисниците, врз основа на податоците од професионално знаење и водење на реалните судии.
Кина очекува дека оваа иновација ќе го унапреди квалитетот и ефикасноста на правните работи.
Пред судиите, Кина направи и водители за вести со вештачка интелигенција. Државната новинска агенција Синхуа кон крајот на минаата година ги претстави првите вештачки презентери на вести.
Иднината пристигна во стриптиз клуб во Лас Вегас: Наместо стриптизети, играат роботи (видео)
Првите водители на вести со вештачка интелигенција имаат машки ликови и гласови, еден зборува кинески, а другиот англиски јазик. Оваа година добија и колешка, прва презентерка со вештачка интелигенција.
Како вештачкиот судија, и вештачкит еводители имаат движења на лицата и телото базирани на вистински личности, а ги развива и иста компанија. Вештачките водитлеи учат сами од видео снимки на реално водители, а можат да го читаат текстот природно како и луѓето.
На оваа кинеска телевизија наместо луѓе, вести ќе презентираат роботи (видео)
На лицето на овие водители нема да видите загриженост или премореност, не можат да се разборал, никогаш не одат на одмор, а и не бараат плата.
Image by Gerd Altmann from Pixabay