Иднината пристигна во стриптиз клуб во Лас Вегас: Наместо стриптизети, играат роботи (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден од најинтересните настани на овогодинешнито Саем за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас не се одвива само под саемските сали, туку и во блискиот стриптиз клуб.

Сопственикот на клубот одлучил на гостите да им ја прикаже својата уметничка визија за иднината, поради што својот клуб го опремил со бизарни роботи стриптизети.

И покрај тоа што на подиумот, наместо бикини убавици, стојат пластично-метални танчерки, кои наместо глава имаат безбедносни камери, посетителите на стриптиз клубот „Сафир“ во Лас Вегас не се жалат премногу.

Србинка родена како маж, денес е стриптизета и проститука, а клиенти ѝ се политичари (видео)

Loading...

Меѓутоа, поради ова сатирично-уметнична инсталација клубот го посетиле огромен број жени. Сопствениците тврдат дека роботите стриптизети се привлечни за посетителите од сите убедувања и сексуална ориентација.

– Тие го рушат впечатокот дека тука се работи за шминкерски стриптиз бар. Ако во клубот каде влегуваат шест луѓе и од кои две се жени и натмау можете да се забавите и да не се грижите за фактот дека сте во стриптиз клуб, вели сопственикот Петер Фајнстин.

Со оваа чудна комбинација од пластика, жици и безбедносни камери на бината се придружиле и редовните танчерки во клубот, на кои очигледно работата се уште не им е загрозена со доаѓањето на новите колешки.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.