По повод празникот Богојавление, Водици низ манастирските комплекси и езера низ државава ќе се фрла светиот крст, а по него ќе скокаат голем број верници.
Така и во Куманово, голем број на верници на неколку локации ќе можат да скокаат по осветениот крст.
Така во 8:30 во Соборниот храм „Свети Никола“ ќе започне свечената литургија, а во 10 часот во базенот на храмот ќе се фрли осветениот крст, а во 11 часот крстот ќе биде фрлен и во базенот на поранешен „Ловачки дом“.
На манифестациите најавено е и присуството на градоначалникот Зоран Дамјановски, а освен среќа и здравје во следната година, среќниот верник ќе добие и вредни подароци.
Одбележувањето на празникот во Куманово традиционално по 14 пат ќе заврши во ресторанот „Грација“ на манифестацијата „Пивтијада 2016“.