Утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Пивтијада 2016“

Сподели со своите пријатели

Утре ќе се одржи 14-та по ред гастрономска манифестација „Пивтијада“ во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“, а со финансиска поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Традиционално, како и изминатите години, утре со почеток во 12 часот во ресторанот „Грација“ во населба Карпош. На манифестацијата се пријавени околу 15 учеснички кои ќе се борат да ја направат најубавата пивтија, а они кои не се пријавиле можат истото да го сторат и утре половина час пред почетокот на самата манифестација.

Најдобрите учеснички кои ќе ги избере жири комисијата ќе се закитат со златен, сребрен и бронзен медал.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.