Венеција е уникатна по многу нешта, но и по овие 8 интересни факти

Сподели со своите пријатели

Венеција е позната по своите канали кои привлекуваат милиони туристи секоја година, но во продолжение прочитајте осум интересни факти за овој италијански град и карневалот под маски.

Loading...

Венеција е позната како градот на мостовите, а вкупно ги има 417 од кои 72 приватни. Мостовите немаат скали затоа што на нив се до 16 век редовно минувале коњи.

Image by Free-Photos from Pixabay

Најтесната улица во Венеција е широка само 53 сантиметри и го носи името „Калета Варасико“.

Image by Jo Wiggijo from Pixabay

Лавот е еден од најпрепознатливите симобли на Венеција, а според легендата, на евангелистот Марко му се прикажал ангел во форма на лав и му најавил дека еден ден ќе го чествуваат и слават.

Image by David Mark from Pixabay

Loading...

Гондола во просек е долга 11 метри, а тешка скоро 600 килограми. Во самиот град има околу 350 гондоли.

Image by Ingeborg Gärtner-Grein from Pixabay

„Мостот на воздишки“ изграден е за да ги поврзе стариот затвор во Дуждевата плата со новата преку реката. Еден од ретките затвореници кој успеал да избега е славниот љубовник Џакомо Казанова.

Image by Free-Photos from Pixabay

Венецијанската традиција налага парот кој ќе се вози во гондола да се бакне под секој мост за да вечно останат вљубени.

Loading...
Image by Ruth Archer from Pixabay

Во текот на карневалите, законите кои забрануваат носење скапа чипка се стопираат.

Image by Ingeborg Gärtner-Grein from Pixabay

Секоја година Венеција ја посетуваат 18 милиони туристи, односно 50.000 дневно. Најголем метеж има во текот на карневалот кога има и над три милиони туристи.

Image by Gerhard Bögner from Pixabay

Leave a Reply