Шеесет и двегодишник кој издржувал затворска казна во кумановскиот затвор, вчера бил пронајден починат.
– На 22.10.2026 во 07:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Затвор К’шање бил пронајден починат осуденикот А.С.(62) од село Банско, струмичко, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

