Вечерва на „Љубовна терапија“ со Театар Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва премиерно ќе биде одиграна претставата „Љубовна терапија“ од Театар Куманово.

Loading...

Станува збор за последна претстава на натпреварувачкиот дел од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Една нетипична романтична комедија во режија на Драгана Таневска вечерва, за која досега се распродадени и премиерата и две репризи.

Како што велат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ за претставата се продадени вкупно над 1.300 билети досега, што е доказ за големите очекувања на публиката од кумановскиот театар.

Во претставата играат Владанка Крстевски, Александра Михајловска Величковски, Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Матеј Стојковски и Никица Јановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишник со тврд предмет ја претепал невенчаната сопруга

 

 

Loading...

Фестивалот „Денови на комедија“ официјално завршува утре, кога од 20 часот ќе бидат доделени наградите за најдобрите претстави, а потоа ќе биде одиграна претставата „Обвинителка“ со Лидија Вукичевиќ.

Никола Ивановски