Вечер на рекорди во Минхен

Сподели со своите пријатели

Баерн Минхен продолжува да импресионира под водство на Јуп Хајнкес оваа сезона, освојувајќи го 23-от натпревар од 24 можни во сите натпреварувања.

Вчера, баварскиот колос победи со 5:0 против турски Бешикташ, постигнувајќи 14 последователни победи. Со ова беше израмнет клубскиот рекорд поставен со Пал Чернаја во 1980 помеѓу август и октомври.

Хајнкес, исто така, освои 14 последователни натпревари првпат во својата тренерска кариера. Тој го освои десеттиот последователен натпревар на турнирот и ги изедначи рекордите на Луис ван Гал и Карло Анчелоти.

За Баерн, тоа беше 62-ри последователен меч во кој тимот не изгуби по гол на Томас Милер. Импресивен факт е дека во оваа серија беа постигнати 59 победи.

Минатата ноќ Баерн упати 35 удари кон голот на Бешикташ. Повеќе удари (43) кон гол на противникот беа упатеи од страна на Баварците во финалето на Лигата на шампионите во 2012 година против Челзи, кое го изгубија по дополнителното време и пенали во Минхен.

Играчите во Минхен постигнаа најмалку два гола во секој натпревар во 2018 година. Френк Рибери пак го одигра својот 89-ти клубски натпревар во Европа и сега е на петтото место./МИА

Leave a Reply