Вчера пет пожари во Куманово и два во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера имале полни раце работа и изгаснале вкупно седум пожари.

Loading...

Првата интервенција на кумановските пожарникари била на запалена сува трева и стрниште на месноста Никуљски пат. Таму било интеревенирано во период од 17:10 до 21:10 часот.

Во липковско Отља исто така гореле сува трева и стрниште. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило интевенирале во период од 17:25 д 21:00 часот.

Во селото Доброшане се запалил електричен столб, а горела и сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 19:15 до 19:50 часот. Причина за избувнување на пожарот било искрење на електричните жици поради силен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Сува трева горела во атарот на селото Шупљи камен. Тројца пожарникари интервенирале таму во период од 20:35 до 21:10 часот.

Тројца пожарникари го гаснеле и пожарот во месност Стари лозја, каде во период од 22:00 до 22:45 часот горела сува трева.

Нешто посериозни биле пожарите на територијата на Општина Старо Нагоричане, каде горела и шума.

Во селото Никуљане гореле сува трева, стрниште, драка и деградирана шума. Таму во период од 16:40 до 17:50 часот интервенирале осуммина пожарникари со две противпожарни возила.

Loading...

Пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане ганселе уште еден пожар, за кој РЦУК, испуштил да ја напише локацијата.

Во вториот пжар гореле сува трева, стрниште, драка и деградирана шума. Од 18 часот во гаснењето се вклучиле осум пожарникари со две противпожарни возила, екипа на ТППЕ Куманово,  десет мештани и шест трактори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Пожарот, бил успешно изгаснат во 21:10 часот.

Никола Ивановски