Ватикан сака да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин денеска изјави дека верува оти Ватикан ќе биде соодветно место за преговори за ставање крај на војната во Украина.

Loading...

– Ватикан би можел да биде соодветно место за преговори, наша желба е да понудиме простор каде страните би можеле да се сретнат и да започнат дијалог без никакви претходни услови, каде самите ќе треба да го дефинираат моделот на преговори – изјави Паролин, пренесува ТАСС.

Ватикан често ја изразуваше подготвеноста на Светата столица да посредува за да се дојде до дијалог меѓу Русија и Украина.

Папата Франциск во неколку наврати посочи дека Ватикан работи на изнаоѓање решение за војната во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.