Вардар прв противник на ЖРК Куманово во новата сезона

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово го доби првиот противник од новата ракометна сезона која стартува на 8 и 9 септеври. Вардар ќе биде екипата против која кумановки ќе ја бркаат првата победа.

Вардар во сезоната влегува со нов состав, релативно послаб од претходниот, додека Куманово се уште се екипира, а освен досегашните ракометарки, екипата ќе биде засилена и со ракометарки од страна.

Во првиот дел од сезоната, кој се очекува да заврши кон средината на декември ќе бидат одиграни 14 кола, а напролет покрај четирите кола кои остануваат од регуларниот дел ќе бидат одиграни и дуелите од плеј-офот и плеј-аутот, кој ќе го даде пласманот за европските купови.

Цемс и Спартак од Скопје ќе бидат двата нови состави кои ќе се приклучат во Првата женска ракометна лига.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Куманово до 13 часот?

Leave a Reply