Односите меѓу Русија и Кина се непоколебливи и цврсти, а Пекинг ја поддржува Москва, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Русија го издржа тестот на меѓународните турбуленции.
– Целосно ја разбираме и поддржуваме Русија да ги брани своите легитимни права и интереси преку дипломатски канали, изјави кинескиот министер во интервју за РИА Новости.
Ванг Ји, исто така, ги критикуваше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, се обидува да ја искористи поддршката на Москва за да ја доведе во конфликт со Пекинг.
Тој, исто така, додаде дека Пекинг ги смета повиците од САД да се приклучат на преговорите за нуклеарно разоружување како нереални.
„Кина има неспоредливо помал нуклеарен арсенал од САД и затоа смета дека барањето на Вашингтон да се приклучи на преговорите за нуклеарно разоружување е нефер и нереално“, рече кинескиот министер.
Русија и САД го направија првиот чекор кон нормализација на односите, што влева оптимизам, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Кинескиот министер за надворешни работи изјави и дека ситуацијата на бојното поле во Украина е тешка, но дека Пекинг ги кани страните во конфликтот на мировни преговори.
Ванг Ји истакна дека верува оти Русија и САД веќе постигнале одредени резултати во контактите за решавање на конфликтот во Украина.
„Иако ситуацијата на бојното поле не е нималку лесна, постои тенденција кон мировни преговори. Претседателот Владимир Путин и претседателот Доналд Трамп веќе разговараа двапати по телефон, тимовите на Москва и Вашингтон се во контакт, се одржа сериозна дискусија за политичкото решение на украинската криза и за подобрување на руско-американските односи, а постигнати се одредени резултати“, рече Ванг Ји.
Според него, „чекорот кон мирот, иако не толку голем, е конструктивен“ и „вреди да се направи“.
„Мирот не може да се постигне лежејќи, треба да се работи и да се постигне со работа“, нагласи шефот на кинеската дипломатија.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји е во официјална посета на Русија од 31 март до 2 април, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да го прими кинескиот министер во наредните денови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе агенцијата.