Вагнеровци го навредуваат генералот на Путин, го нарекуваат гомно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Истражувачкиот новинар Кристо Грозев од Bellingcat објави видео на кое се гледа како членовите на приватната руска платеничка група Вагнер го нарекуваат началникот на Генералштабот на руските вооружени сили „гомно“.

Loading...

На снимката наводно се гледаат борци во украинскиот град Бахмут на линијата на фронтот, како му се обраќаат на Валери Герасимов, велејќи:

„Ти си гомно. Каде е муницијата? Немаме повеќе гранати овде“.

Грозев известува дека Евгениј Пригожин, рускиот бизнисмен и основач на групацијата Вагнер, рекол дека „нема што да каже за ова видео“, што може да значи дека сојузникот на Путин во суштина го поддржува нападот врз Герасимов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...