Вагнер се обидува да го дестабилизира источното крило на НАТО, тврди полскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки предупреди дека силите на руската платеничка група Вагнер се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат, пренесува Ројтерс.

Loading...

Голем број борци на групата Вагнер почнаа да ја обучуваат белоруската армија, што ја натера Полска да испрати повеќе од 1.000 војници на границата.

Порано оваа недела, полските власти се најдоа на удар откако првично не признаа дека белоруски хеликоптери влегле во полскиот воздушен простор.

Меѓутоа, откако локалните жители објавија фотографии на социјалните мрежи од авион со белоруски ознаки на неколку километри од границата во Полска, Министерството за одбрана издаде соопштение во кое се вели дека е вистина.

Присуството на Вагнер во Полска ја поттикна Летонија да реагира.

Вчера директорот на државната гранична стража на земјата изјави дека затоа Летонија започнала со обука на специјална оперативна група за гранична одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.