Вагнер негира дека регрутирала Срби

Сподели со своите пријатели

Руската паравоена група „Вагнер“ вчера демантираше дека регрутира српски државјани да се борат во Украина, еден ден откако активисти поднесоа кривична пријава против организацијата во Белград.

Loading...

Меѓу лицата наведени во кривичната пријава се и рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Харченко и Александар Вулин, директор на БИА на Србија, објави Ројтерс.

„Јас не регрутирам Срби“, изјавил основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, велејќи дека никогаш не слушнал за Боцан-Карченко или Вулин, пренесува Танјуг.

Претходно оваа недела, претседателот на Србија Александар Вучиќ за групата „Вагнер“ и повикот за регрутирање изјави дека тоа е ноторна лага.

Адвокатот од Белград и претседателот на граѓанската група „Октобар“ Чедомир Стојковиќ, како и претставници на руски и украински антивоени групи, завчера до Високото јавно обвинителство во Белград поднесоа низа кривични пријави поради активностите на групата „Вагнер“ во Србија, како и „мобилизацијата на српските граѓани за учество во војната во Украина“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.