Вагнер: Го пронајдовме телото на еден од двајцата исчезнати Британци

Сподели со своите пријатели

Групата Вагнер објави дека го пронашла телото на еден од двајцата британски доброволци кои беа прогласени за исчезнати на линијата на фронтот во источна Украина.

Loading...

Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на ОК (ФЦДО) не го потврди извештајот, но додаде дека им дава поддршка на семејствата.

Во својата објава на Телеграм, Вагнер не го спомна името на починатиот, но рече дека кај него се пронајдени документи кои им припаѓаат на двајцата Британци и приложи фотографија од пасош со имињата на двајцата исчезнати Британци, Ендрју Багшо и Кристофер Пари, пишува The Guardian.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

„Телото на еден од нив е пронајдено денеска. Кај него се откриени документите на двајцата Британци“, се наведува во соопштението за печатот на Вагнер.

Не беше наведено каде е пронајдено телото.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.