Ужасна престрелка во Германија: Полицијата уби вооружен маж

Сподели со своите пријатели

Во драматичен инцидент што се случи во Ајхштетен ам Кајзерштул, во близина на Фрајбург, полицијата застрела 48-годишен маж кој ги претепал сопругата и нивното дете и ѝ се заканувал на полицијата со оружје.

Loading...

Мажот починал во болница.

Според соопштението на полицијата, 47-годишната жена сама се јавила во полиција, а потоа се забарикадирала во соба од станот со нејзиното десетгодишно дете.

Мажот, наводно, продолжил со дивеењето и се обидел да ја скрши вратата од собата.

Според првичните информации тој пукал со сачмарка кон заклучената врата, но не погодил никого во собата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Овој човек го има сменето концептот на новинарството. Неговата компанија живее и денес!

Соседот, кој ги слушнал истрелите и вревата и сфатил што се случува, поставил скала на прозорецот од соба на првиот кат и му дозволил на детето да избега.

После тоа, мажот излегол од станот со сачмарка во рака и бил запрен на улица од полицијата која во тој момент пристигнала на местото на настанот.

Според соопштението на полицијата, тој не го спуштил оружјето и покрај повеќекратните повици, туку им се заканил на полицајците со него. Потоа отвориле оган, по што мажот бил пренесен во болница каде по итна операција починал.

Loading...

Детето претрпело траума од пукотниците, а заедно со мајка му добило психолошка помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случува кога Папата ќе умре? Постојат строги протоколи!

Причините за нападот се уште се нејасни. Мажот имал претходна историја на прекршоци поврзани со дрога, напад и прекршување на оружјето. Покрај пушката, кај него бил пронајден и пиштол.

Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата продолжува со собирање информации за расветлување на сите околности на овој трагичен настан.