Узбекистан започна судење за смртта на 65 деца поврзани со сируп за кашлица

Сподели со своите пријатели

Узбекистан започна судење за смртта на 65 деца минатата година поврзани со контаминиран сируп за кашлица, откривајќи за прв пат значително поголем број на смртни случаи од претходно пријавените.

Loading...

Централноазиската земја претходно објави 20 смртни случаи поврзани со лековите, кои се произведени од индиската фармацевтска компанија Марион Биотек.

Меѓу 21 обвинет, кои сите се државјани на Узбекистан, имало и поранешни високи функционери кои биле задолжени за лиценцирање увозни лекови и управители на приватна компанија која ги увезувала и дистрибуирала, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан.

Обвиненијата против нив вклучуваат даночно затајување, продажба на супстандардни или фалсификувани лекови, злоупотреба на службената положба, фалсификување и поткуп.

Лиценцата е одземена

Индискиот регулатор ја одзеде лиценцата за производство на Марион Биотек, која извезуваше сирупи во Узбекистан и уапси некои нејзини вработени.

Правните застапници на Марион Биотек во декември изјавија дека компанијата жали за смртта на децата.