Советот на Општина Куманово утре (31 јули) ќе ја одржи својата 16. седница, која ќе започне во 10:00 часот во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации.
Пред советниците ќе се најдат шест точки на дневниот ред, кои се однесуваат на именување членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Куманово.
На дневен ред се предлог-одлуки за именување на еден член на Надзорниот одбор на ЈП „Водовод“, тројца членови на Надзорниот одбор на ЈП „Чистота и зеленило“, двајца членови на Управниот одбор и еден член на Надзорниот одбор на ЈП „Пазаришта“, како и еден член на Управниот одбор и двајца членови на Надзорниот одбор на ЈП „Куманово-паркинг“.
Советниците ќе одлучуваат и за именување на еден член на Управниот одбор и еден член на Надзорниот одбор на ЈП „Куманово-гас“, како и за именување на еден член на Надзорниот одбор на ЈП „Куманово-план“.
Никола Ивановски

