Како што информираат од Министерството за внатрешни работи вчера бил упсен уште еден осомничен во акцијата „Келија“ во којашто беа уапсени и идентификувани лица кои се сомничат дека војувале во редовите на Исламската држава во Сирија.
Лицето било приведено во четвртокот во Скопје, а други детали засега не се соопштуваат.
Во акцијата беа уапсени девет лица, а полицијата трагаше по 27 лица. За 20 од нив постои сомнение дека се се уште на боиштата во Сирија.
Сите приведени лица се товарат за „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, дело кое од пред една година е кривично.
Според статистиката на МВР, на боиштата во Сирија досега загинале 16 македонски државјани, а се проценува дека 130 наши државјани се бореле или се борат таму.