Ураганот Ирма, односно, сега веќе посттропскиот циклон Ирма, помина низ Флорида и зад себе остави трагови на разорување, како што претходните денови стори и со карипските острови. Ирма, притоа сруши и одредени рекорди.
Најпрвин беше погодена Флорида Кијз, а последно место кое страдаше беше Џексонвил во кој дојде до големи поплави.
Моментално се санираат и собираат штетите по ураганот, а според некои прогнози за американската еконимија ураганите Хари и Ирма би можеле финансиски да бидат еднавки како на ураганот Катрина пред 12 години.
Loading...
Фрапантни податоци
Ниту една бура не била како Ирма, напиша CNN и приложи бројки поради кои се соборени сите рекорди:
Ирма е најсилниот ураган во атлантскиот басен кој некогаш бил забележан надвор од Максиканскиот залив и Карипското море.
Три дена Ирма беше ураган од петта категорија, што е најдолго откако се следат ураганите со помош на сателити.
Ниту една бура не била забележана толку долго да одржува ветар од околу 300 километри на час како Ирма (вкупно 37 часа).
https://www.facebook.com/MicMedia/videos/1644224852266965/
Доведе до најмасовни евакиации во историјата на Бахамите и потенцијално најголемите во САД
6,3 милиони луѓе добиле упатство да се евакуираат од крајбрежјето на Флорида, што е околу третина од популацијата.
1,3 милиони луѓе останале без струја во првите часови откако Ирма дошла на Флорида (вчера околу 5,8 милиони луѓе останале без електрична енергија)
Околу пет метри се очекува да биде нивото на вода откако Ирма помина низ одредени подрачја.
Ниту на еден континентален дел на САД немало ураган од четврта категорија.
95% од сите згради ирма ги уништила на Барбуда кога била од петта категорија, тие веќе не се за живеење.
5.000 луѓе биле евакуирани од Бахамите што е најголемата евакуација во историјата.
229 километри на час – најсилниот ветер на американско копно, во местото Нејплс.
160.000 луѓе биле во склоништа.
12.500 откажани регионални летови минатата недела.
Loading...
27 луѓе загинале во околностите поврзани со бурата.
60% од зградите на францускиот Свети Мартин не се за живеење.
500 британски војници се испратени на Девствените острови
7.000 припадници на Националната зградана Флорида биле мобилизирани.
Која американска држава најмногу беше на удар на ураганот?
Во период од 1851-2017 година, државата која најмногу била погодена од урагани е Флорида. Дури 117 пати, вклучувајќи ја и Ирма.
Зад Флорида, на второ место е Тексас, кој брои 64 урагани. По него следуваат Луизијана, потоа Јужна и Северна Каролина.
Зошто Флорида?
Атлантските урагани формираат топла вода во тропските предели и обично се движат во насок запад-северзоапад со доминантни ветрови. Тоа ја става овој југоисточен брег на патот на ураганот, а со тоа оди и фактот дека Флорида има најдолго крајбрежје – 2.172 километри.
https://youtu.be/cACttMYJ0ik