Унгарската полиција брутално претепа новинарска екипа на „РТС“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Унгарската полиција со пендреци ја претепала екипата на „Радио телевизија Србије“ истовремено кршејќи ја нивната опрема на граничниот премин Хоргош, иако со легитимација се претставиле како новинари на српската национална телевизија. Новинарка, снимател и тонец кои беа нападнати се превезени во Суботица, каде им е пружена лекарска помош.

Loading...

Околу 17:30 часот, унгарската полиција ги пушти бегалците да се приближат на дваесетина метри од границата кога започнала да ги тепа со пендреци. Во тој момент, била нападната и екипата на телевизијата која била испратена да ги следи случувањата.

Снимателот Владан Хаџи Мијаловиќ го залепиле до ѕид и брутално го удирале со пендрек во пределот на главата и грбот, а потоа му ја искршиле опремата. На ист начин бил претепан и тонецот Мирослав Џурашиновиќ, при што му ја скршиле опремата за снимање звук.

Меѓу нив била и новинарката Јована Џуровиќ која има повредена рака.

Како што велат од РТС во моментот кога нивната новинарка била нападната немало напади од колоната мигранти кон полицијата и не е познато сошто унгарските специјалци одлучиле да тргнат во напад, затоа што како што додава Џуровиќ во меѓуграничниот простор имало и други екипи.

Лекарите на итната медицинска помош им укажале лекарски преглед, по што истите биле префрлени во болницата во Суботица.

Во текот на денот беа испратени осуди за нападот од страна на здруженија и поедини политички партии, а употреба на физичка сила кон новинарите ја осуди и спрскиот премиер Алексадар Вучиќ.

Јавниот сервис на Република Србија бара од унгарската влада остро да ги казни полицајците кои ги спречија овие новинари во вршење службена должност. Тие по писмен пат за ова ја известија амбасадата во Будимпешта, како и Европскиот радиодифузен сервис.

Loading...