УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово со пародија ја ”отворија” новата општинска зграда

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот Комитет Куманово, денес  преку пародија го официјализираше пуштањето во употреба на новата општинска зграда, со зборовите дека кумановскиот градоначалник ветува проекти кои не ги исполнува, како што е случајот со затворениот градски базен.

Loading...

ums2-500

Дамјановски ветува, тоа не е спорно, и така практично стана светски првак во ветување, изјави денес Марио Ангеловски, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово.

– Огромна е честа да се види градоначалникот заедно со граѓаните да се пресече свечено оваа лента за пуштање во употреба на општинската зграда. Веруваме дека ова е првиот градоначалник што го направил ова, бидејќи сите останати градоначалници кога ќе ветат исполнуваат. Освен нашиот, кој ветува и не само што не исполнува, туку и по неколку пати може да се задолжи за една иста работа и да не ја направи. Ние го имаме најдобриот градоначалник во светот. Кога нешто ќе вети, ветено е, но дали го исполнува. Тоа и не е толку важно. Важно е дека е светски првак во ветување.  Така е и со овој проект, општинската зграда, така беше и со затворениот базен и експропријацијата на земјиштето, истакна Ангеловски.

Кумановските членови на УМС, обвинија дека Зоран Дамјановски ја задолжил општината Куманово со над 3,5 милиони евра да се завршат овие три проекти.

– Градоначалникот во текот на жешкото работно лето, кое веруваме го помина многу напорно, со реализација на проектите на новата општинска зграда. Наместо да плива со граѓањите во базенот, тој одлучи да не им смета и да отиде на море, а граѓаните ги остави да пливаат во долгови. Куманово во моментов е град кој се распаѓа, не само од надвор и инфраструктурно туку и од внатре плива во долгови.

Куманово стана пример за другите општини како се местат тендери, како високи партиски функционери од врхушката на СДСМ земаат тендери и како за паркинг системи се даваат тендери од над половина милион евра на блиски партиски соработници.

– Куманово стана пример за град во кој ништо не се работи, а се` останато е оставено на немилоста на времето и функционерите на СДСМ. Господине Циц бидете доблесни, кога можете да ветувате, можете и да признате на граѓаните на Куманово дека не сте способни да ја водите нашата општина. Вие станавте пример за градоначалник за тоа како не треба да се работи. Но, што е важно тоа. Важно и вие сте пример и прв во нешто, а тоа е неработењето. Граѓаните во Куманово нема повеќе да ви дозволат да ги манипулирате, а тоа ќе го докажат на изборите што доаѓаат во април. Пред се вие ќе бидете поразени, а граѓаните ќе ви навестат што ве чека на локалните избори во 2017-та година. Свесни сме дека освен сопствените бизнис интереси, ништо друго не ве интересира. Но, иако е така не го уништувајте Куманово.

Овој град има душа, уште малку време ви остана, му порачаа на Дамјановски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.