УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Куманово е запуштен град, само се ветува, а не се исполнува (видео)

Сподели со своите пријатели

Унијата на млади сили на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес од с. Проевце по течението на реката Кумановка, обвини дека градоначалникот Зоран Дамјановски целосно го запуштил кејот на реката Кумановка, а постојано секаде се фали со истиот.

Loading...

Тие обвинија дека патеките за шетање се обраснати со трева и се искршени, а ноќе без светло граѓаните го избегнуваат оваа место за пешачење, но и затоа што тука постојано има многу кучиња скитници.

Им препорачуваме на граѓаните доколку сакаат да шетаат на овие места со себе да понесат маски за спречување на вдишување бактерии од насобраниот смет или гас маски па дури тогаш да прошетаат низ градот. Во спротивно вашето здравје ќе биде загрозено – велат од УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Напуштени се и соколанскиот и градскиот парк се напуштени и не се наводнуваат, а ништо потобдро не е на плоштадот кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – додаваат од унијата.