УМС го поздрави бесплатниот превоз – СДММ обвинува за кражба на идеи (видео)

Сподели со своите пријатели

Големо е задоволството што благодарение на Владата на Република Македонија мобилноста на студентите од први јануари 2016-тата ќе биде многукратно зголемена, истакна на денешниот прес Лука Кржалоски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ по одлуката на премиерот, студентите да добијат бесплатен градски превоз, но и влезници за театри и кино сали.

Loading...

Студентите, иднината на оваа земја, заслужуваат ваков третман. Сите 46.576 редовни студенти во Република Македонија ќе ги почувствуваат бенефитите на оваа и другите мерки кои се преземаат во насока на подобрување на квалитетот на студентскиот стандард. Унијата на Млади Сили ќе продолжи да се бори за постојано унапредување на условите во кои студираат студентите. Слободниот превоз за студентите од први јануари 2016 е доказ дека добрите идеи со помош на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш го наоѓаат патот до реализацијата, истакна Лука Кржалоски, Претседател на Градски комитет на УМС.

 

Од друга страна, СДММ обвини дека Груевски без идеи и без резултати, очигледно добро ја прочитал програмата и платформата на СДСМ па предизборно решил да краде идеи и проекти од СДСМ, обвини потпретседателот на Социјалдемократската младина, Дарко Коевски, откако премиерот  најави вдека студентите од идната година ќе се возат бесплатно во градскиот превоз.

– Соочен со страв од изборен пораз, после три години игнорирање на барањето за бесплатен превоз и целосна негрижа за студентите Никола Груевски вклучи црвен аларм.Човекот што потроши 600 илјади евра да се вози во луксузен мерцедес, лицемерно им ветува бесплатен превоз на студентите – рече Коевски.