Украинските сили погодија ПВО систем С-300 во руската област Ростов

Сподели со своите пријатели

Украинската армија тврди дека во текот на ноќта го погодила противвоздушниот ракетен систем С-300 лоциран во јужниот руски регион Ростов.

Loading...

Генералштабот во Киев соопшти дека нападот се случил во близина на населбата Новошахтинск и дека системите С-300 биле користени за напад на цивилната инфраструктура во Украина, пренесува Ројтерс.

„На одредени целни точки беа забележани експлозии. Се проценува точноста на ударот“, се наведува во соопштението.

Гувернерот на Ростов, Василиј Голубев, изјави дека силите за воздушна одбрана уништиле украинска ракета над регионот, но руското Министерство за одбрана не го спомена инцидентот во својата дневна изјава за уништеното воздушно оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како ќе заврши војната во Украина? Ова се трите главни сценарија!