Украински политичар кој премина на страна на Русија пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Украинскиот политичар Алексеј Ковалев (33), кој по конфликтот во таа земја премина на страната на Русија и неговата сопруга биле пронајдени мртви во нивната куќа во областа Херсон.

Loading...

Алексиј, кој бил задолжен за земјоделскиот сектор во окупираниот Херсон, наводно бил убиен во неделата со пушка во неговиот дом во градот Хопа Пристан.

Според медиумите, неговата сопруга (38) била избодена со нож и со тешки повреди била пренесена во болница, каде подоцна и покрај напорите на лекарите им подлегнала на повредите.

Руските власти најавија дека ќе спроведат истрага за нивното убиство, а постои сомневање дека зад се стојат безбедносните служби.

И претходно имаше обид за атентат врз Алексеј, а по тој неуспешен обид тој ѝ порача на украинската страна „дека нема да биде спречен“.

Пред војната, Ковалев беше член на владејачката украинска партија, а откако го преживеа обидот за атентат, за се ја обвини украинската тајна служба.

– Не ме исплашија, планирам да продолжам да работам. Сакам да бидам со мојот народ и да бидам на мојата позиција до крајот на мојот мандат во 2023 година – изјави тогаш од болницата, пишува Дејли Мејл.

Неговата смрт ја потврдија и новинарите во Украина.

Loading...

– Во својот дом е убиен предавник, соработник на окупаторот и поранешен пратеник Алексиј Коваљов. Окупаторите почнаа интензивни проверки, внимавајте Украинци – изјави украинскиот новинар Андреј Циплиенко преку каналот Телеграм.

Убиството на политичарот и неговата сопруга е последното во серијата убиства на Украинци и членови на нивните семејства кои пребегнаа во Русија по конфликтот во таа земја.

Во петокот во болницата во градот Бердјанск почина заменик-началникот на сообраќајната полиција, кој беше тешко повреден во експлозија на бомба.

Уште пет „сомнителни атентати“ беа пријавени во регионот Херсон во последните неколку недели, додека Украина започна контраофанзива во регионот.

Минатиот месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши шефот на разузнавачката служба и главниот државен обвинител, поради сомневање дека соработувале со Русите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.