Украински град кај Доњецк е пред паѓање? Сепаратисти: Русите контролираат 80% од градот

Сподели со своите пријатели

Руските сили зазедоа 80 отсто од градот Марјинка во областа Доњецк, изјави Денис Пушилин, сепаратистичкиот лидер на окупираниот регион, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Loading...

„Сега има битки во повеќекатните згради, непријателот сѐ уште се обидува да се одржи бидејќи таму биле изградени утврдувања многу пред тоа“, прецизира тој.

По ослободувањето на Маријнка, руската армија ќе може да напредува кон Красногоровка, вели Пушилин и додава дека тоа „ќе помогне да се запре гранатирањето на областа Петровски во Доњецк“.

 

 

„Руските сили ги блокираа патиштата за снабдување“

РИА Новости пишува дека руските сили ги блокирале патиштата за снабдување на украинските војници, што значително ја влошило положбата на Вооружените сили на Украина во градот.

Полковникот на сепаратистичката полиција на Луганск, Виталиј Киселев, изјави дека руската армија ја заробила Маријнка во тесен обрач, а борбите се водат во центарот на градот.

Loading...

Тој потврди дека рутата до Красногоровка, која ја снабдувала украинската армија, била под контрола на руските сили.

 

 

Градот беше целосно уништен, борбите траат со години

Марјинка е град кој се наоѓа во непосредна близина на Доњецк, со население од околу 9.000 жители.

Во средината на април 2014 година, сепаратистите поддржани од Русија го зазедоа градот, а на 5 август истата година, украинските сили повторно ја презедоа контролата. Во борбите градот многу брзо бил целосно уништен.

На 17 март 2022 година, руското Министерство за одбрана тврдеше дека т.н Народна Република Доњецк ја освои Марјинка.

Украинските сили ја вратија контролата врз градот на 19 април 2022 година. Во текот на следните неколку месеци, повеќето руски обиди да го заземат градот не успеаја.

Loading...

Сепаратистите сега тврдат дека 80% од градот е под контрола на руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.