Украински амбасадор: Ни ветија 321 тенк

Сподели со своите пријатели

Голем број земји ветија дека ќе испратат вкупно 321 тенк во Украина, изјави украинскиот амбасадор во Франција на телевизијата БФМ, без да прецизира која земја колку парчиња тешко оружје ќе испрати.

Loading...

„Бројни земји официјално го потврдија договорот за испорака на вкупно 321 тешки тенкови на Украина“, изјави Вадим Омелченко, украински амбасадор во Франција, во интервју за француската телевизија БФМ.

Меѓу другите, на Украина ѝ беа ветени американски тенкови М1 Абрамс и германски леопарди.

„Условите за испорака се различни за секој случај и ни треба оваа помош што е можно поскоро“, додаде тој.

Омелченко не даде анализа за бројот на тенкови по земја.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.