Украинската војска напредува кон Мелитопол и Бердјанск

Сподели со своите пријатели

Украинските сили напредуваат кон Мелитопол и Бердјанск во областа Запорожје, изјави денеска портпаролот на Генералштабот на Украина, Андриј Ковалев.

Loading...

„Имаа делумен успех, земаат дел од територијата“, рече Ковалев, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека меѓу другото е постигнат напредок во селата Мала Токмачка и Роботње.

Ковалев посочи дека Украина продолжува да го отфрла напредокот на руската армија на истокот од земјата, истакнувајќи дека жестоки борби се водат во близина на Лиман и регионот Доњецк.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.