Украинската армија тврди дека напредувала во предградието на Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинската армија денеска соопшти дека напреднала меѓу 600 и 1.000 метри на јужниот и северниот раб на Бахмут, град кој силите на Вагнер го зазедоа во мај.

Loading...

Украинската армија исто така пријави напредок во саботата, додека силите на руската приватна воена компанија, за време на бунтот, маршираа кон Москва, пренесува Гардијан.

Не беше можно да се потврдат тие извештаи.

Украинските власти посочија дека бунтот „Вагнер“ во саботата и дал можност на украинската армија да напредува во својата контраофанзива, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби