Украинците погодиле електрана во Русија

Сподели со своите пријатели

Украинските сили погодија електрана во повеќекратни напади во руската област Курск, предизвикувајќи делумно затемнување, изјави локалниот гувернер.

Loading...

„Имаше вкупно околу 11 лансирања. Електраната беше погодена“, рече Роман Старовоит, гувернер на регионот Курск, на апликацијата за пораки Телеграм.

„Поради ова дошло до делумен прекин на електричната енергија во областа Сужа и Коренево. Овие области се дел од руската Курска област, која граничи со Украина. Засега нема информации за можни жртви, додаде гувернерот.

Како што пренесува Index.hr, Ројтерс не можел независно да ги потврди извештаите. Украина не ја презеде одговорноста ниту коментираше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Руските власти во регионите кои граничат со Украина постојано го обвинуваат Киев дека напаѓа цели како што се далноводи и складишта за гориво и муниција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.