Украинците го гранатираа Луганск

Сподели со своите пријатели

Во ноќното гранатирање на живинарска фарма во областа Луганск во источна Украина, која е под руска контрола, загинаа најмалку пет лица, а 19 се ранети, соопштија вчера руските власти и го обвинија Киев дека го извршил нападот, пренесува Франс прес.

Loading...

„Во гранатирањето на селото Карпати (35 километри западно од Луганск) извршено од украински вооружени групи имало 24 жртви – пет мртви и 19 ранети“, соопшти преку рускиот центар за контрола на безбедносната ситуација во регионот Луганск на Телеграм, пренесува Бета.

Според прелиминарните информации, нападот го извршил повеќецевниот ракетен фрлач Химарс, кој САД му го доставиле на Киев.

Во септември минатата година, Москва објави припојување на Луганск и три други украински региони кон Русија.

Украинските сили го гранатираа градот Шебекино во руската област Белгород, а четири лица се повредени, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Како што наведе, искршени се прозорци, а оштетени се фасади и покриви на осум станбени згради, четири приватни куќи, едно училиште и две административни згради, пренесува РИА Новости.

Имаше и други напади на територијата на Руската Федерација – неидентификуван дрон падна вчера околу четири часот по полноќ во околината на нафтената рафинерија „Илски“ во Краснодарскиот регион, но нема жртви и нема материјална штета, соопшти вчера Регионалниот оперативен штаб.

Пожар избувна вчера во близина на друг објект, рафинеријата „Афипски“ недалеку од пристаништето Новоросијск, кој, како што е соопштено, може да биде последица на напад со дрон. Пожарот е изгаснат, а нема жртви.

Loading...

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во руски ракетен напад на пристаништето Одеса бил уништен и „последниот воен брод“ на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

„Последниот воен брод на украинската морнарица „Јуриј Олефиренко“ е уништен во военото пристаниште на пристаништето Одеса“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков на редовен брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Конашенков изјави дека овој украински воен брод бил погоден со оружје „висока прецизност“ на 29 мај, пренесува Танјуг.

Портпаролот на украинската морнарица Олех Чалик рече дека нема да коментира никакви руски тврдења.

„Украинската морнарица нема да открие никакви информации за своите загуби додека трае војната“, додаде Чалик.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Лондон, всушност, води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се гледа како легитимна воена цел.

„Велика Британија се однесува како сојузник на Украина, обезбедувајќи и опрема и персонал како воена помош, што значи дека таа де факто води необјавена војна против Русија“, напиша Медведев на Твитер, коментирајќи ја изјавата на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Британскиот дипломат, потсетува Тас, ги оправда нападите со беспилотни летала врз Москва, велејќи дека Украина има право да напаѓа цели на руска територија за самоодбрана.

Loading...

„Глупавите функционери во Велика Британија, нашиот вечен непријател, треба да запомнат дека според универзално признатото меѓународно право, кое го регулира водењето војна во современи услови, вклучувајќи ги Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивната ситуација може да се оквалификува и како војна. “, предупреди Медведев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.