Украина: „Уништивме клучен стратешки мост во Херсон“

Сподели со своите пријатели

Украина тврди дека уништила важен стратешки мост што го користеле руските сили во регионот Херсон, главната цел на украинскиот контранапад.

Loading...

Украинските вооружени сили објавија серија сателитски фотографии на Телеграм за кои тврдат дека го прикажуваат уништениот мост.

„Фотографии од уништениот понтонски мост кај Даривка во регионот Херсон. Руските сили го искористија за да ја преминат реката Ингулет“, соопшти украинската војска.

 

 

 

Армијата соопшти дека на фотографиите се гледа и „значително оштетениот мост Дарјив“ и штетата нанесена на зградата во близина на реката.

„На околу 250 метри од преминот, сателитот снимил руска воена опрема и голем број ровови“, се вели во соопштението на украинската армија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.